Loading Video...
Фудбал
17. March 2019 - 15:43

Нов гол на Пандев во победата на Џенова над Јувентус

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев беше стрелец на вториот гол за својата екипа Џенова во победата над Јувентус. 
 
Во натпревар од 28.коло на Серија А, екипата на Џенова го победи Јувентус со 2:0, нанесувајќи му го само првиот пораз на италијанскиот првак сезонава. 
 
Пандев во 81.минута беше стрелец на вториот гол за Џенова, откако Стефано Стураро девет минути порано го постигна првиот гол, а токму по додавањето на Пандев. 
 
Треба да се потенцира дека, двајцата стрелци во игра влегоа во вториот дел од мечот. 
 
Инаку за македонскиот репрезентативец голот против Јувентус е само трет сезонава во Серија А, откако првите два Пандев ги постигна уште во септември месец минатата година.