Македонија
3. November 2015 - 17:22

Нов електронски систем на ФЗО за работа со здравствените установи

Класичното административно работење заминува во историја, здраствените установи може да заборават на листовите хартија за барањата кои ги доставуваат до фондот за здравствено осигурување. На нивната веб страница отсега со електорнски потпис и од канцеларија ќе може да ги завршуваат потребните процедури. Менување на матичен лекар, промена на договор, звање на медицинското лице и многу други постапки отсега ќе може да се вршат во реално време.

Бенефит од новиот систем покрај здраствените институции ќе имаат и пациентите, но и фондот кој ќе се ослободи и обемните хартиени досиеја за секоја установа.

Во наредните шест месеци здраствените установи ќе имаат можност за прилагодување на електронскиот систем, а од прв мај идната година измените ќе може да се вршат само електронски.