Спорт плус
19. јуни 2022 - 14:04

Нов државен рекорд на Блажевска-Еминова

Миа Блажевска-Еминова, претпладнево настапи на трката на 100 метри грбно на Светското првенство во Будимпешта.
 
Блажевска-Еминова трката ја заврши со нов македонски рекорд 1:04.11 минути. Таа за 30 стотинки го подобри рекордот кој исто така беше во нејзина сопственост.
 
Блажевска-Еминова на крајот во конкуренција на 43. натпреварувачки во оваа дисциплина го освои 30. место.