Македонија
22. May 2019 - 16:04

Нов директор во агенцијата за разузнавање, Пендаровски избра и нови советници и надворешни соработници

Досегашниот помошник директор во Агеницјата за разузнавање од утринава е нејзин прв човек. Еролд Муслиу е првиот избор на новиот претседател на државата. Пендаровски го разреши досегашниот директор Зоран Иванов, кого поранешниот претседател го именуваше во март 2017та. Муслиу долги години работи во агенцијата за разузнавање на високи позиции. Првото работно место по дипломирањето на факултетот за безбедност му било во ДБК.

Пендаровски со ова решение ја започнува кадровската пчолитика во безбедносно разузнавачките структури коис е во негова надлежност. На брифинг за медиумите најави дека веќе следната недела ќе ги соопшти и имињата на тројцата членови на Советот за безбедност кои доаѓаат на негов предлог.

Во кабинетот пак се комплетира листата на негови најблиски соработници и совертници. Покрај Бошњаковски кој веќе јавно соопшти дека ја презема позицијата генерален секретар, вио кабинетот се избрани и клучните советници- Блерим Кољали за Национална Безбедност, Александар Спасов за внатрешна и надворешна политика, Билјана Радева за медиуми. Поранешниот амбасадор Гоце Карајанов ќе советува во надворешната политика. На листата надворешни советници тимот за меѓународна политика ќе го води професорот Денко Малевски со чие име долго се шпекулираше како потенцијален претседателски кандидат. Поранешната судика вфо судот за човекови права Мирјана Лазеревска Трајковска ќе биде главен советник за правни прашања, а правни совети ќе дели и професорката Беса Арифи. Понуда да стане дел од тимот добил но ја одбил против кандидатот на Пендаровски Блерим Река. Од досегашниот тим на Иванов, тројца побарале треансфер во кабинетот на поранешниот претседател.

Пендаровски кој веќе се сретна со најголем дел од државно политичкиот врв, вели дека уште првиот ден еразговарал со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски но дека средба сеуште не е договоребна. Велид ека дека двата кабинети се во постојана комуникација ид ека средба со опозицијата ќе има.

Во пресрет на одлуката на европските челници за доделување датум за преговори за земјава, Пендариовски вели дека неговата прва официјална посета ќе биде токму на Брисел пред 20ти јуни.