Македонија
30. March 2020 - 19:43

Нов директор на Охридската болница, досегашната тврди дека работеле по протокол

Досегашната директорка на охридската општа болница отфрла одговорност единствена вина според неа може да има раководителот и вработените во Инфективното одделение кои биле задолжени да обезбедат здравствена заштита  и соба за изолација за сместување на лица заразени со коронавирус.
 (Инфективното одделение при болницата, како одделение кое згрижува пациенти со инфективна патологија, доби протокол за постапување со лица заболени од коронавирус од страна на Министерството за здравство и беше обезбедена неопходна опрема за лична заштита на персоналот која одговара на работните задачи кои се зивршуваат во дадениот момент. ) се вели во соопштението од Општа болница Охрид.
Инспекторите кои прават ревизија на општата болница потврдиле прекршување во однос на неовозможување здравствена заштита на пациент од страна на здравствен работник кој бил дежурен во време кога е донесена пациентката на преглед во Инфективното одделение .
Од Координативниот совет од Струга пак побараа карнатин за некои од струшките села каде има заболени од коронавирус ,но наместо тоа засега ќе се врши само масовно тестирање .
Во меѓувреме општините Охрид ,Струга,Вевчани и Дебарца ги координираат активностите за заедничко делување во справувањето со предизвиците за третман на потенцијалните пациенти заболени од коронавирусот.