Македонија
12. March 2021 - 12:45

Нов црн корона рекорд – Расте бројот на активни и починати

Третиот бран на корона вирусот удира со сета сила. Вчерашниот ден запиша нов рекорд по бројот на детектирани случаи во едно деноноќие. Регистриравме 947 нови случаи од 3450 тестови што значи дека секој четврти тестиран човек бил позитивен. Она што уште повеќе загрижува е податокот дека почина 21 лице.

Само во последните 7 дена имаме 109 смртни случаи. Меѓу они 21 вчера, има 4 пациенти помлади од 60 години. Најголемиот број на починати се постари од 80 години. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374. Тоа значи дека денеска има 4151 активен случај повеќе од истиот ден минатиот месец што е зголемување за речи си 70%.