Loading Video...
Ракомет
20. October 2019 - 19:04

Нов (четврти) пораз на Еурофарм Работник со еден гол разлика

Ракометарите на Еурофарм Работник и по четврти пат сезонава се поразени со еден гол разлика во меч од Лигата на шампионите
 
Нема натпревар на Еурофарм Работник сезонава кој не минува во голема драма. Така беше и вечерва во Битола каде македонскиот вице-првак и по четврти пат сезонава загуби со еден гол разлика. 
 
Овојпат во мечот против словачкиот Татран Прешов, ракометарите на Еурофарм загубија со 23-22. 
 
Наместо да се радуваат на својата втора победа во елитното натпреварување, му дозволија на противникот да ја слави првата победа сезонава. 
 
Во првиот дел се играше израмнето, а нашиот претставник во три наврати имаше максимум 2 гола предност, за на одмор да се замине со резултат 14-13 за „фармацевтите“ 
 
Во второто полувреме битолчани имаа и највисоки 4 гола предност 21-17 во 48-та минута, но во наредните пет, му дозволија на противникот да направи серија од 5-0 и да поведе со 22-21 (54.минута). 
 
Во завршницата двата тима тешко стигнуваа во ситуација да постигнат гол. Откако во последниот напад за битолчани не погоди Остроушко, тоа на спротивната страна на 6.секунди до крајот го стори Словенецот, Лапајне  и им донесе голема радост на своите ракометари, а за ново разочарување кај Битолчани. 
 
Остоушко со 8 и Граџан со 5 гола беа најефикасни во редовите на Еруофарм кој по ова коло падна на претпоследното место со 2 бода колку што има и Татран, зад Кокс кој со победата над Спортинг 25-23 се проби на 4.место со 4 освоени бодови. Шпанската Бидасоа која го декласира Савенхоф со 39-23 со 9 бодови е лидер на табелата во Ц групата во која Савенхоф остана на 8, а Спортинг на 5 бода. 
 
Потсетување дека вчера актуелниот европски првак Вардар го претрпе и вториот пораз и тоа на гостувањето кај унгарски Веспрем од кого загуби со 39-30 
 
Во Лигата на шампионите следува пауза поради репрезентативната ЕХФ недела.
 
Дуелите од 6 коло на програмата се на 2 и 3 ноември кога Еурофарм и Татран ќе го одиграат вториот меѓусебен дуел, но тогаш во Прешов, а Вардар во Скопје ќе го пречека Мешков Брест