Балкан
5. January 2017 - 15:16

Нов бомбашки напад во Турција, нацијата во паника

Најмалку три лица се ранети попладнево при експлозија пред Судската палата во западниот турски град Измир.

Според засега непотврдени информации, експлозијата била предизвикана од автомобил-бомба.

Електронското издание на весникот „Милиет“, повикувајќи се на изјави на очевидци, јави дека пред Судот „гори автомобил“.