-->
-->
Нов АТП и ВТА ранг за македонските тенисери и тенисерки
-->
На најновите ранг листи за тенисери и тенисерки македонските претставници имаат минимални промени на рангот, Томислав Јотовски има мал скок, а Лина Ѓорческа мал пад. Кај мажите Томислав Јотовски е најдобро рангираниот играч и се наоѓа на 575 место со скок од четири позиции со вкупно 50 поени. Горазд Србљак се наоѓа на 1.336 место со 4 поени (пад од две места), а Димитар Грабул е на 1.503 место со 2 поена. Од другите тенисери ранг имаат уште: Бесир Дургути - 1.956 место и Стефан Мицов - 2.045 место двајцата имаат по еден поен.
Во женска конкуренција Лина Ѓорческа има пад од едно место и се наоѓа на 232.место со 233 поени. Ѓорческа во моментов поради повреда нема настапи на турнири и не успева да ги „брани“ поените освоени минатата година.
Од македонските тенисерки ранг има Магдалена Стоилковска која се наоѓа на 1.060 место на ВТА листата со 7 поени. Но, денеска таа не успеа да ги мине квалификациите на фјучрсот во Хамамет откако во последното коло загуби од Донароза Гувернанте од Холандија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк