НОТАС – алатка за детекција и аларм за олуи
Поминаа четири години од страшното невреме што го зафати скопско Стајковци на 6 август 2016 година, а во кое не само што беше причинета огромна материјална штета, туку имаше и човечки жртви.
Невремето во Стајковци е само едно од временските појави со катастрофални последици кои стануваат се почести на глобално ниво, како резултат на климатските промени. Соочени со ваквиот предизвик, група научници предводени од професорот по метеорологија Владо Спиридонов, кој две години (2017-2019) работеше и како визитинг професор на Универзитетот во Виена, успеваат да развијат нова компјутерска алатка за детекција и аларм за појава на олуи која покажува се подобри резултати.
Станува збор за НОТАС (NOTHAS – Novel Thunderstorm Alert System), алатка која е изработена во соработка со ФИНКИ и која дава навремена информација за детекција на олуи и прецизна часовна проценка за областите со појава на нестабилност со различно ниво на опасност (од маргинално односно Ниво-1 до катастрофално односно Ниво-5).
Професорот Спиридонов во разговор за МИА вели дека алатката е од исклучително значење за раната најава и предупредување од олуи и може значително да помогне во ублажувањето на последиците од катастрофите кои се поинтензивни и позастапени во рамки на климатските промени.
– Системот за детекција на олуи НОТАС е конфигуриран за четири домени, кои покриваат различни области со различна хоризонтална резолуција: Европа (27-км), југ-ист Европа (9-км). БиХ (3-км) и Македонија (3-км). Дизајнот на системот покажа некои потенцијални предности во однос на претходните системи за предупредување, главно во намалувањето на неизвесностите во предвидувањата со преземање на дадениот час со максимален сигнал за појава на невреме во локални размери. Тој претставува динамична алатка која во основа користи атмосферски модел, со почетни податоци и гранични услови, алгоритам за олуи и софтвер за визуелизација. Алгоритмот овозможува употреба на концептот на веројатност за мултиваријална дистрибуција и негово интегрирање во општата функција со преземање на сите конвективни параметри. Таа ја користи најновата развиена шема на микрофизичка параметризација користејќи шема за конвективна скала и аеросолна хемија и највисоките критериуми за појава на невреме во географкста област, појаснува Спиридонов.
Алатката е тестирана и верифицирана во текот на 2019-2020 година за детекции на олуи во Југоисточна Европа и покажува се подобри резултати. НОТАС успешно ги предвиде катастрофалното невреме и поплава во Белград на 23 јуни годинава и тоа 24-часа однапред со издавање на Ниво-4 за опасен развој на олуи, како и минатогодишното невреме на Халкидики на 10 јули кога настрадаа неколкумина туристи.
За успешноста на алатката, вели Спиридонов, најдобро говорат сведоштвата на оние кои како резултат на предупредувањата што ги дава алатката, успеале да се спасат од страшно невреме. Таков е примерот со Ана Пота, професорка во гимназијата „Никола Карев“, која лани заедно со семејството успеала да се спаси од невремето што го зафати Халкидики.
– Системот не само што беше тестиран, туку летоска не спаси и од несреќа. Само што стигнавме летоска во кампинг Митари во близина на Никити на Халкидики, договарајќи се со сопругот дали да одиме да прошетаме со кола, случајно на Фејсбук ми излезе Вашето предвидување за невремето кое следеше. Денот беше прекрасен и сончев, но решивме да Ве послушаме и останавме во кампот. За десетина минути почна невремето. Страшно! Имавме среќа што не тргавме никаде. Околу нас во местото имаше и жртви од превртени возила, Ви пишав веднаш да Ви се заблагодарам. Ни го спасивте семејството, пишува Пота во порака испратена до Спиридонов.
Интересот за оваа алатка од јавноста и институциите се повеќе расте. За НОТАС се заинтересирани и во соседните земји, а алатката експериментално се користи во Тајланд, Парагвај и други земји.
Кај нас во соработка со проф. д-р Боро Јакимовски, продекан на ФИНКИ, во тек е изработка на софистицирана веб страна „Storm Alarm” и напредна мобилна апликација со која граѓаните би имале директен пристап до секојдневните информации за појава на олуи и аларм за нивото на опасност со што значително би се помогнало во безбедноста на граѓаните и во ублажувањето на последиците од катастрофалните појави кои како резултат на климатските промени стануваат се почести.
НОТАС алатката за детекција на олуи постепено станува и светска алатка со над 2250 прегледи и превземања за неполни 50 денови од објавувањето на научната публикација за системот со висок импакт фактор од страна на реномираното списание Springer.https://link.
Ново на Сител
-
Новиот премиер Мохамед ал Башир им вети на Сиријците стабилност и спокојство
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
-
Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците
-
Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074