Нострадамус за 2016. година: Трамп на власт и Трета светска војна
Како што секогаш се случува по некое значајно случување за иднината на светот, бројните обожаватели на ликот и делото на славниот пророк тргнаа во толкување на неговите текстови...
Уште пред неколку денови разни „експерти“ почнаа да ги толкуваат Нострадамусовите стихови и врз основа на нив заклучиле дека победник на претседателските избори во САД ќе биде Доналд Трамп.
- Тој ќе биде избран за гувернер на војската. Ќе биде безстрашен. Срушен мост, град кој се онесвестил од страв, запишал Нострадамус.
- Лажниот трубач, прикривајќи го лудилото, ќе ја присили Византија да ги смени своите закони. Од Египет ќе стигне човек кој ќе ги повлече законите и ќе ги промени парите, стои во уште еден стих кој „експертите“ исто така го поврзуваат со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Некои стихови исто така ја предвиделе борбата помеѓу Трамп и Клинтон.
- Русокоса ќе излезе да го компромитира оној со крив нос. Ќе следи судир и таа ќе го откаже, запишал Нострадамус, а Виктор Беинс, претседателот на Американскот Нострадамусово друштво, тврди дека тие стихови се однесуваат на претседателската кампања на која бевме сведоци.
Нострадамус освен овој двобој, за 2016. година наводно предвидел и Трета светска војна која ќе трае 27 години и ќе се поклопи со појавувањето на „голема комета на небото“.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи