Џет-Сет
6. July 2016 - 15:44

Носи розова облека, живее во розова куќа и има розово куче

Американската актерка Китен Кеј Сера (52), која живее во Холивуд, официјално е прогласена за „најрозева“ личност во светот.

Таа носи розива облека, живее во розова куќа и има розово куче.

Сера тврди дека не носела облека со ниту една друга боја во последните 35 години и признава дека фасцинантниот живот во розовиот свет досега ја чинел повеќе од милион долари.

Китен Кеј Сера 2

Титулата „најрозова личност во светот“ и ја додели компаниајта „Рипли верувале или не“.

- Јас никогаш не носам ништо друго освен розова боја. Розовата е мојот живот и морам да прзнаам дека уживам во тоа. За мене розовата боја е моќ. Нема потреба да мешаме други бои, изјави ексцентричната актерка.

Сера, која себе си се смета за „фламинго во светот на гулабите“, признава дека нејзиниот луксузен пинк живот има цена и тоа папрена.

Китен Кеј Сера 3

- Луѓето од целиот свет непрекинато ми испраќаат розови работи. Сите знаат дека јас сум најголемиот љубител на розова боја и целиот мој живот е посветен на тоа. Некои луѓе мислат дека сум чудна, но, искрена да бидам, јас сум само жестока и чудесна, објасни таа.

Еден просечен ден за Китен подразбира излегување од нејзиниот розов кревет, миење со розов сапун, облекување розов фустани и хранење розовото куче Мис Кис.

Дури и Мис Кис има розов сад и пие сок од цвекло, кој е со благо розова боја и одобрен од ветеринар.

Сера се шминка користејќи само розеви нијанси и секогаш облекува розова облека.

Китен Кеј Сера 4

- Порано носев само блага розова боја, но сега имам избор од многу нијанси на пинкот. Розовата боја е соодветна, но денес таа е премногу црвена за мојот вкус. Трошам по стотина илјади доалри на фустани, чанти и модни додатоци, секако во мојата боја, а од неодамна во колекцијата имам розов фустан кој го носеле Одри Хепберн. Таа ми и омилена, изјави Китен.

Таа признава дека во тинејџерските денови носела различни бои, потоа решиле да носи само облека во розова, бела и црна боја.

- Во почетокот ги комбинирав овие три бои, но набрзо почнав да носам само розова и тоа го обожувам. Ја отфрлив сета друга облека и денес сум среќна. Сакам да бидам екстремна, нагласува Сера.