Свет
20. May 2020 - 8:21

Носењето хируршки маски може да го намали ширењето на Ковид-19 за 75 проценти

Носењето хируршки маски може значително да ги намали шансите на оние луѓе со Ковид-19 да заразат други, тврдат истражувачи.

Според студија на тим од Хонг Конг, стапката на пренесување на вирусот преку честички во воздухот или респираторни капки се намалила за дури 75 проценти кога биле користени маски.

„Резултатите му покажуваат на светот и на јавноста е дека ефективноста од носењето маски против пандемијата на коронавирусот е огромна, изјави водечкиот микробиолог доктор Јуен Квок-јунг, од универзитетот во Хонг Конг.

Доктор Јуен, кој помогна да се открие вирусот САРС во 2003 година, рече дека студијата е прва од ваков вид.

Тој рече дека неговиот тим ја спровел студијата затоа што – додека долго време поддржувал носење маски – светските лидери, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација (СЗО), ја довеле во прашање нивната ефикасност.

Во студијата неговиот тим користел два кафези со хрчаци во три различни сценарија.

Едната група била заразена со Ковид-19, а другата била здрава, при што со вентилатор се туркал воздух од заразените животни, од кои некои не покажале симптоми кон здравите животни.

Истражувачите соопштија дека без никаква маска меѓу кафезите, две третини од здравите хрчаци се разболеле за една недела.

Но кога ставиле маски на кафезите со заразените животни, стапката на инфекција паднала до малку повеќе од 25 проценти.

Стапката на зараза паднала за околу 35 проценти кога маски биле ставени и на кафезот со здравите хрчаци.

Исто така, откриено е дека оние хрчаци што се заразиле имаат помалку од вирусот во нивните тела отколку оние кои биле заразени без маска.

Доктор Јуен на прес-конференција изминатиот викенд изјави: „Нашиот експеримент со хрчаци, многу јасно покажува дека ако заразените хрчаци или луѓе – особено асимптоматски или симптоматски – носат маски, тие всушност штитат други луѓе.

„Тоа е најсилниот резултат што го покажавме овде. Пренесувањето може да се намали за 50 проценти кога се користат хируршки маски, особено кога маските ги носат инфицирани лица.

„До оваа фаза, немаме безбедна и ефикасна вакцина. „Она што останува практично сè уште е или мерка за социјално дистанциарање или носење маски“, додаде тој.

Владата на Велика Британија првично соопшти дека маските за лице не можат да ги заштитат луѓето, но ги ревидира своите совети и сега им препорачува на луѓето да носат прекривки за лице каде што не можат да бидат на два метри оддалечени од други луѓе, како што се малите продавници и во јавниот превоз.

Европските земји, вклучително и Италија и Германија, рекоа дека луѓето треба да носат маски во овие услови.

На почетокот на пандемијата, која започна во Кина, забрзано се купуваа маски за лице во Хонг Конг, каде луѓето се сеќаваат на влијанието на САРС.

Во Хонг Конг од САРС починаа 298 луѓе, и беше на второ место по континентална Кина, но територијата сега има пријавено само четири жртви од Ковид-19.

Шетањето без маска за лице во Хонг Конг, Јапонија или Северна Кореја се смета за неодговорно, а неколку американски држави, исто така, сега ги советуваат луѓето да ги носат кога се надвор.