Свет
19. February 2017 - 9:27

Носач на авиони и бродови на САД патролираат во Јужното Кинеско Море

Американскиот носач на авиони Карл Вилсон и група бродови што го следат почнаа со патролирање во Јужното Минеско Море во време на обновени тензии околу спорните води во тоа море.

МНР на Кина го предупреди Вашингтон да не го доведува во прашање суверенитетот на Кина, по извештаите за нови американски патроли.

Американската воена морнарица објави дека со носачот на авиони Карл Вилсон почнале рутински операции во Јужното Кинеско Море.