Loading Video...
Спорт плус
24. December 2021 - 10:40

Норвежанецот, Фос-Солеваг ја изненади кокуренцијата на слаломот во Мадона Ди Кампиљо

Супер интересна беше ноќната слаломска трка од свестскиот куп во апско скијање одржана во италијанскиот центар Мадона Ди Кампиљо. 
 
Себастијан Фос-Солеваг ја изненади кокуренцијата. 
 
30 годишниот Норвежанец, до својата само трета победа во кариерата во Светскиот куп, стигна со вкупно време по двете трки од 1:34,59, што беше само за 10 стотинки побрзо од второ рангираниот Алексис Пинтуро од Франција, односно за 11.стотинки поврзо од Швеѓанецот, Кристофер Јакобсен кој заврши како трет. 
 
Со оваа победа Норвежанецот го презеде првото место во поредокот во слалом со 140 бодови колку што има и Швеѓанецот, Јакобсен, денека зад нив се Французите, Ноел (100 бодови) и Пунтуро (80)
 
Во севкупниот Генерален пласман лидер и натаму е Швајцарецот, Марко Одермарт, пред Австриецот, Матијас Мајер иНорвежанецот, Алаксандер Амот Килде. 
 
Следната трка во СК е закажана за 28 декември во Бормио, Италија каде скијачите ќе возат спус