Норвешката премиерка го призна поразот на парламентарните избори
Норвешката конзервативна премиерка Ерна Сoлберг го призна поразот на парламентарните избори и му честиташе на, најверојатно следниот премиер, Јонас Гар Стор, чија Лабуристичка партија освои најмногу гласови.
Солберг (60) и нејзината конзервативна коалиција на власт се во Норвешка од 2013 година.
Од своја страна, Јонас Гар Стор, изрази задоволство од победата и најави дека ќе разговара со сите страни за формирање нов кабинет.
– Чекавме, се надевавме и работевме напорно, и сега конечно можеме да кажеме: Го направивме тоа!, изјави Стор пред своите приврзаници откако Солберг го призна поразот.
– Норвешка испрати јасен сигнал: изборите покажуваат дека норвешкиот народ сака поправедно општество, рече 61-годишниот милионер кој водеше кампања против социјалните нееднаквости.
Ова се случи откако првите резултати покажаа дека победи левоцентристичкиот блок. Со преброени 97,5 проценти од гласовите, Лабуристичката партија и четири други партии од левиот центар би можеле да се формираат мнозинство од 100 места, наспроти 81 во моментов, предвидува Дирекцијата за избори.
Потребни се минимум 85 места за да се добие мнозинство во парламентот со 169 пратенички места.
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи