Свет
14. December 2017 - 9:27

Норвешка премина на дигитално радио

Норвешка заврши префрлање на дигитално радио (DAB) и со тоа, покрај несогласувањата, е првата држава во светот која исклучи национално емитување на ФМ.

Во согласност со претходно усвоен распоред, најсеверните региони и територијата Свалбард на Арктикот преминаа на дигитално радио, соопшти радиската група Дигиталрадио Норге.

Префлањето на дигитално радио почна на 11 јануари. Со тоа се добива подобар квалитет на звукот, зголемен број канали и повеќе функции за осумпати пониска цена на дифузијата.

Таа технологија е критикувана поради технички проблеми, недоволна покриеност на територијата на државата и високата цена за корисниците кои мора да купат нови приемници или адаптери по цени од 100 до 200 евра.

Таква промена во следните месеци се очекува во Швајцарија, Данска Британија и други држави.