Свет
3. February 2017 - 15:36

Норвешка ќе купува подморници од Германија

Норвешката Влада ја избра Германија за свој стратегиски партнер при набавката на нови подморници за својата Воена морнарица, објави денеска министерот за одбрана на Норвешка, Ериксен Соереиде.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, од двајцата финални понудувачи, француската компанија ДЦНС и германската „Тисен Круп“, Норвешка се одлучила за гигантот од Германија.

- Норвешка ќе влезе во финални преговори со гермаснките власти. Прговорите за набавка на подморниците со компанијата „Тисен Круп“ ќе започнат веднаш по постигнување на меѓувладин договор меѓу Осло и Берлин, се вели во соопштението на норвешкото Министерство за одбрана.

Најголем дел од опремата во подморниците, што веќе се користат од морнариците на Германија и Италија, ќе биде набавен од норвешки производители.