Норвешка ќе ги продолжи мерките за гранична контрола до мај 2018 година
Норвешка ќе ја продолжи важноста на режимот на гранична контрола со другите земји од Шенгенската зона до мај 2018 година.
- Причината за тоа е постојаната закана од терористички напади, изјави синоќа норевшкиот министер за правда Пер-Вили Амундсен.
Продолжување на мерките за гранична контрола поради опасност од тероризам претходно најавија уште неколку европски земји.
- Норвешка, како и Германија, Франција, Австрија и Данска, е загрижена поради заканите од тероризам во Европа и факт е дека на територијата на Шенген зоната се уште има голем број мигранти чиј идентите не може да се утврди на веродостоен начин. Поради тоа ќе продолжиме да извршуваме контрола на границите во Шенгенската зона и по 11 ноември, посочи Амундсен.
Во мај Советот на Европската унија одобри контрола на границите на Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка во следните шест месеци, односно до ноември годинава.
Комисијата тогаш препорача до крајот на октомври да завршат контролите.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево