Ракомет
21. January 2017 - 18:03

Норвешка ја елиминира Македонија од СП во Франција

И уште еден неуспешен обид за Македонија да се пробие меѓу 8-те најдобри селекции во светот откако во 1/8 финалето бевме високо со 34-24 совладани од селекцијата на Норвешка. 

По солидното прво полувреме во кое ја анулиравме предноста на противникот од 8-5 и поведовме со 9-8 никој не очекуваше ваков епилог иако по првиот дел противникот водеше со 11-9. 
Сепак самиот почеток на второто полувреме ја најави катастрофата на нашиот тим кој почна да промашува сигурни удари, да прави технички грешки кои Норвежаните лесно ги казнуваа и заслужено одат понатаму. 
Танген и Јондал ја предводеа Норвешка до победа со по 6 погодоци. Кирил Лазаров беше најефикасен во репрезентацијата на Македонија со 6 погодоци Стојанче Стоилов постигна 5, Никола Маркоски и Жарко Пешевски по 3, Влатко Митков постигна 2, Стефан Дрогришки, Филип Талески, Гоце Георгиевски, Филип Лазаров и Гоце Ојлески постигнаа по 1 погодок. Норвешка во следната фаза ќе игра со подобриот од дуелот Данска - Унгарија. 

СП РАКОМЕТ 1/8 ФИНАЛЕ

Македонија – Норвешка 24-34

Франција – Исланд

Бразил – Норвешка

Русија – Словенија

Белорусија – Шведска

Унгарија – Данска

Германија – Катар

Хрватска – Египет