Бизнис
3. January 2018 - 19:41

Нормираниот учинок ја урива исплатата на минималната плата

 Нормираниот учинок го руши Законот за минимална плата. На работниците им се зголемува нормата за да не можат да го исполнат условот за исплата на минимален личен доход од 12 000 денари. Според анализите на податоците од работењето, на регионалниот синдикат при ССМ во Штип за конфекциите во Источниот дел на земјата, работниците во август и септември 100 % ја исполнувале нормата, а веќе во октомври само 65 %, иако ја работеле истата работа.

- Се со цел да се намали основицата за минималната плата да биде помала за работниците што ќе ја зимаат, а од друга страна се рефлектира и на придонењсот што треба да го уплаќаат самите работодавачи, кој паѓа од 5000 денари на некоја реална сума од 3650 денари.-изјави Горан Трајков, претседател на РК на ССМ-Штип

Втора контрадикторност која ја потврдува тезата на синдикатот е тоа што налозите за извоз во фабриките е навремен и според договорените количини, а истовремено се прикажува дека работниците се непродуктивни.

- Во една фабрика, секој еден работник на неделно ниво изработувал 1600 парчиња, а во налозите за извоз пушувало 700 парчиња. Значи работниците работат по 200 % зададена норма, а на крајот испаѓа дека сработиле 50 % од нормата прикажани на самите налози за извоз. –додава Трајков

За да не се злопуотребуваат работничките права, синдикатот бара формирање на Совет, составен од преставници на ресорното министерство, синдикалци и работодавачи, кое тело на годишно ниво ќе ги утврдува нормите на роботниците во сите индустриски гранки. Регионалната синдикална канцеларија евидентира и исплата на рака на дел од платата, но и подобри услови за работа во однос на минатата година кога работниците се жалеа дека работат во незатоплени простории.