Македонија
27. February 2016 - 13:03

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Радовиш

Сообраќајот на патниот правец Струмица - Радовиш, кој беше во прекин поради сообраќајната несреќа што се случи изутрината, а во која две лица го загубија животот, од 11:30 часот е нормализиран и во двата правца, соопшти АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.