Македонија
3. April 2016 - 14:07

Нормализиран сообраќајот на патот Скопје - Охрид кај Оровник

Во 12:50 часот  сообраќајот на магистралниот пат Скопје-Охрид кај с.Оровник е нормализиран.

Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на  граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.