Македонија
20. јуни 2017 - 12:43

Нормализиран сообраќајот на патот Росоман - Прилеп

Од 10:30 часот е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Росоман - Прилеп кај пазарот во Росоман кој утрината беше блокиран од страна на земјоделци кои се незадоволни од откупот на праски.

Патот беше блокиран од страна на 50-тина земјоделци со 10 трактори, а сообраќајот, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, се пренасочуваше по споредни патишта.