Македонија
28. јуни 2016 - 18:30

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп - Битола

Сообраќајот на патниот правец Прилеп -Битола кој беше во прекин заради сообраќајна незгода, во 17:40 часот е нормализиран, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури се препорачува патување во раните утрински и вечерни часови и правење почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.