Македонија
19. December 2018 - 15:41

Нормализиран сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Попладнево во 15:20 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец А3 Македонска Каменица – Делчево.

Како што соопштија од АМСМ, очистен е одронот поради којшто патот од синоќа беше во прекин.

Одронот се случи пред крстосницата за село Бигла од страната кај Македонска Каменица, а сите кои имаат потреба да патуваа до Скопје тоа можеа да го сторат по алтернативниот патен правец Делчево – Бигла – Виница, додека тешките товарни возила, можеа да се движат само преку Берово.