Македонија
28. јуни 2016 - 14:51

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат во близина на Страцин

Сообраќајот на магистралниот пат А2 во близина на с.Страцин  e нормализиран, соопшти АМСМ.

На сите државни патишта во Македонија сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Се препорачува внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација, а поради високите температури да се патува во раните утрински и вечерни часови со правење почести одмори и конзумирање повеќе течности.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На  граничните  премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.