Македонија
21. December 2017 - 20:39

Нормализиран сообраќајот на магистралата кај Осички мост

 

Сообраќајот на магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка-Граничен премин Деве Баир е нормализиран во 19 часот и 45 минути, откако по сообраќајна незгода која се случи кај Осички мост на обиколницата кај Крива Паланка околу 17 часот и 35 минути беше пренасочен.

Во сообраќајната несреќа, според податоците од МВР, повредено е едно лице, со иницијали С.В, родено 1943 година.

Повредениот се уште се наоѓа во Здравствен дом Крива Паланка, каде бил пренесен со возило на итна медицинска помош, а од МВР посочија дека не станува збор за повреди од животозагрозувачки карактер.

Во незгодата учествувале товарно моторно возило со бугарски регистарски ознаки и патничко моторно возило марка хјундаи, со кумановски регистарски таблички.

Увид на екипите на МВР е завршен.