Македонија
25. November 2016 - 14:12

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово - Гостивар

Во 13 часот и 30 минути е нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар, на наплатна станица-Тетово кон Гостивар, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот беше во прекин од 13 до 13:30 часот денеска поради блокада поставена од жители од село Горно Седларци кои бараат ослободување од плаќање патарина.