Македонија
1. February 2017 - 21:35

Нормализиран сообраќајот кај местото „Рајко Жинзифов“ на патот Катланово-Велес

Сообраќајот на патниот правец А1 Катланово – Велес кај местото викано „Рајко Жинзифов“ е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти, соопшто Автомото сојузот на Македонија.

Саниран е одронот поради којшто сообраќајот на оваа делница од 18 часот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 5 – 10 метри. 

Поради штрајк на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони, сообраќајот не се одвива во двата правца.