Тенис
2. July 2017 - 10:41

Ноле подготвен за Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во сабота првпат во кариерата ја освои титулата на турнир со тревната површина надвор од All England Club, откако во финалето на Aegon International во Истбурн го совлада Французинот Гаел Монфилс со 6-3, 6-4 и дојде до својот 68 АТП трофеј во кариерата.
 
Ѓоковиќ во Истбурн настапи со покана и на најдобар начин го искористи последниот турнир во пресрет на настапот на Вимблдон.
 
Ова беше негов 14 натпревар против Монфилс и 14-та победа која му донесе 250 бодови и парична награда од 113.330 американски долари.
 
Ова на Ѓоковиќ му е втора титула во сезоната во која славеше во Доха, а беше поразен во финалето на Мастерс серијата во Рим