Loading Video...
Тенис
16. July 2018 - 18:05

Ноле и Серена со најголем напредок на тениските ранг листи

Понеделнички вообичаен се објавуваат и најновите рангирања на тениските листи.
 
Новиот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ направи скок од 11 позиции и повторно се врати во ТОП 10-те, осноно Србинот сега е на 10.место на АТП листата.  
 
Финалистот од Лондон, Кевин Андерсон се искачи за три позиции па сега е на  петто место што негов најдобар ранкинг во кариерата. 
 
Минатогодишниот финалист Марин Чилиќ од Хрватска, кој во ова издание на турнирот беше елиминиран во вториот круг, имаше најголем пад од втората на седмата позиција.
 
Број еден во светот останува Рафаел Надал, пред Роџер Федерер и Александар Зверев. 
 
Најдобро рангиран македонски тенисер останува Томислав Јотовски кој сега е на 550-тото место или осум позиции послабо од претходното рангирање. 
 
На женската ВТА листа, разбирливо најголем скок направи финалистката на Вимблдон, Серена Вилијамс. 
 
Американката кој направи пауза поради мајчинство, пред стартот на Вимблдон беше на 181 место, а сега напредуваше на 153 позиции, па од денеска Серена е на 28-то место. 
 
Шампионката, Анџелик Кербер напредуваше само две позиции па сега е четврта, зад Симона Халеп, Каролине Возњацки и Слоан Стивенс. Најголем пад од ТОП 10-те тенисерки бележи Гарбине Мугуруза која по елиминацијата во втората рунда на Вимблдон, од 4-тото падна на седмото место. 
 
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во однос на претходното рангирање е дури 249 места подолу, па сега се наоѓа на 708-та позиција