Loading Video...
Тенис
30. May 2019 - 19:14

Ноле блеска во Париз

На Ролан Гарос пласман во третото коло за Новак Ѓоковиќ додека  натпреварите на женскиот турнир завршија за Викторија Азаренка.

                Ѓоковиќ како и во првото коло играше супериорно и едноставно во 90-те минути колку што остана на теренот се поигруваше со Финецот Хенри Лаксонен кој успеа да освои само 8 гема во трите сета.

                Српскиот тенисер доминацијата ја најави уште во првиот сет кој го одигра без грешка а потоа продолжи во ист стил и во наредните сетови.  Негов противник во третото коло ќе биде

 квалификантот од Италија Салваторе Карузо. Од фаворитите во третото коло минаа уште и Доминик Тим, Александар Зверев и Душан Лајовиќ.

                Кај дамите  драматичен меч одиграа првата носителка Наоми Осака и Викторија Азаренка.  На крајот на победата се радуваше Јапонката која иако го загуби првиот сет со 6-4 успеа да слави во вториот и третиот и да се пласира во третото коло каде ќе игра против Катерина Синијакова од Чешката република.