Балкан
21. October 2016 - 16:04

Ноќите ги минувала со различни мажи кои утредента ги пронаоѓале мртви - Драгана сее страв на Малта

Фаталната Србинка Дргана Михајловиќ која полицијата ја уaпсила во Малта, па ја пуштила поради мистериозната смрт на двајца Британци, пријателите на починатите ја обвинуваат дека таа е убиец и ловец на пари. 

Драгана е уапсена откако британскиот пензионер Невил Аерс (78) е пронајден мртов во станот после бурната ноќ помината со неа, пишува српски Курир. 

Во врска со Драгана порано бил и Давид Грант, но и тој починал и тоа во февруари оваа година. 

Полицијата ја уапсила но не воспоставила дека двајцата мажи починале од насилна смрт. 

Сепак пријателите на починатите мажи велат дека Драгана е монструм и дека ги врбува мажите за да ги искористи. 

- Таа е чудовиште. Го завлече мојот пријател Давид во својот живот, се пијанчеше со неа, се забавуваа, го исцрпуваше додека на крајот не го уби,напишал пријателот на Давид на Фејсбук.