Македонија
11. May 2018 - 11:04

Ноќеска уште еден моторџија од Скопје повреден заврши во болница

На 11 мај 2018 година околу 00.10 часот во Скопје на улица „Христијан Тодоровски Карпош" се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фиат Линеа“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ј. А. и моторцил исто така со скопски ознаки управуван од О.Е.(20) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобил О.Е., кој е пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски" каде му е укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

Вчера  околу 17:15 часот во Скопје на улица „Маџари“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Трува“ со скопски регистарски ознаки управуван од К.Н. (21) во Скопје и патничко моторно возило „Фиат Пунто“ исто така со скопски регистарски ознаки управувано од Л.Б. (55) од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се задобил К.Н. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде е задржан на понатамошно лекување.