Loading Video...
Фудбал
15. јуни 2019 - 16:36

Ноќеска стартува „Голд Купот“, фудбалското првенство на Средна и Централна Америка

Ноќеска ќе започне и фудбалскиот шампионатот на Средна и Северна Америка, попознат како Голд Куп. 
 
На првенството кое ќе се одржува во три земји САД, Костарика и Јамајка, ќе настапат 12 репрезентации поделени во четири групи од кои првопласираните две ќе играат во четвртфиналето.
 
Во првиот натпревар ноќеска во 1 часот и 30 минути по полноќ ќе играат Канада и Мартиник, во дуел од А групата во која мексико и Куба го сочинуваат вториот пар (натпреварот започнува од 4 часот наутро). 
 
Американците заедно со Мексиканците важат за главни фаворити за место во големото финале закажано за 7 јули во Чикаго.
 
Впрочем Мексико со седум и САД со шест титули, последната пред две години,  се двете од трите земји кои победувале на Голд Купот, на кој се има радувано и Канада која беше победник во 2000 година