Македонија
4. November 2017 - 11:53

Ноќеска пожар во Скопје, тешко повреден маж (66)

Синоќа во 22.25 часот во Скопје на ул.“Максут Садик“ од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на С.Н.(66). Истиот се здобил со изгореници од втор и трет степен во пределот на рацете и главата и пренесен е во Клинички центар “Мајка Тереза“ каде од страна на доктор констатирани му се тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување.

Од пожарот е опожарена речиси целата куќа. 

Пожарот е изгаснат од страна на Бригада за противпожарна заштита во 23.00 часот.