Македонија
23. November 2017 - 14:10

Ноќеска повторно запален автомобил во Скопје

Ноќеска околу 01,00 часот во Скопје на паркингот на улица „Борис Сарафов“ од засега непознати причини е опожарено и целосно изгорело патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Т.(38) од Скопје.
 
Исто така, делумно е опожарено и патничко моторно возило „Даеву Матиз“ со скопски регистраски ознаки, сопственост на Н.С.(35) од Скопје кое било паркирано до “Oпелот“.
 
Од страна на екипа од Противпожарна единица пожарот е изгаснат, а увид ќе се врши во текот на денот.