Македонија
26. September 2018 - 13:16

Ноќеска полицијата тресеше во бар во Жеровјане, затекнати шест танчерки

Во периодот од 22.00 чаот на 25.09.2018 до 01.00 часот ноќеска, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, сопственост на 28-годишен жител од тетовското село Боговиње.

При контролата, во објектот биле затекнати шест женски лица (три од Република Србија и три македонски државјанки). 

Српските државјанки (две на возраст од 21 и една 26 години ) биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.