Балкан
2. August 2020 - 17:16

Ноќеска на белградскиот аеродром се породи трудница од Тунис

Ноќеска на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград доктори од итната медицинска помош породија државјанка на Тунис, која роди живо и здраво машко дете.

-Државјанка на Тунис се породи на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, изјави за РТС докторката Даниела Јевтиќ од итната медицинска помош.

Докторката Јевтиќ соопшти дека е родено здраво машко бебе кое ќе се вика Адам и притоа додаде дека и мајката и бебето се во добра здравствена состојба.

Пораѓањето започнало на улицата и се завршило на аеродромот и по кажувањето на докторката породувањето траело 10 минути.

Породувањето го извршиле аеродромската екипа, доктор и медицински техничар, па потоа бебето транспортирано до болница од страна на итна медицинска помош.