Македонија
1. January 2018 - 11:49

Ноќеска хорор во Велес: Возач покосил тројца млади пешаци и удрил во потпорен ѕид, двајца се борат за живот

Ноќеска околу 03.30 часот на ул.„Алексо Демниевски“, Т.Т (33) од Велес изгубил контрола над патничко моторно возило  “Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки и удрил во пешаците кои во тој момент ја преминувале улицата: К.К (19), Б.Д (18), Ф.К(18), сите од Велес, а потоа удрил иво потпорен ѕид од камења.

Со возило на Итна медицинска помош во Општа болница Велес пренесени се пешаците К.К и Ф.К каде им се констатирани тешки телесни повреди, препратени се во Клиничкиот Центар -Скопје и се наоѓаат во животна опасност.

Увид е  извршен и се работи на целосно расчистување на случајот.