Македонија
1. May 2020 - 8:47

Ноќеска целосно изгоре "Фонтана" кај Мавровка

Доцна во ноќта изгоре кафулето „Фонтана“ кое се наоѓа кај трговскиот центар „Мавровка“. Според видеата на социјалните мрежи, може да се забележи дека пожарот го уништи целосно кафулето.

Пожарна екипа веднаш излезе на терен, при што пожарот е локализиран.

Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.