Фудбал
21. April 2016 - 20:42

Нојер верен на Баерн до 2021 година

Германскиот репрезентатовен голман, Мануел Нојер останува „верен„ на минхенски Баерн се до 2021 година.
 
Баерн Минхен во текот на оваа сезона го продолжи договорот со голем број на играчи, па по Џером Боатенг, Томас Милер, Давид Алаба и Хави Мартинез на ред дојде и голманот Мануел Нојер кој можеби и во овој клуб ќе ја заврши кариерата.
 
„Баерн ги обезбеди услугите на уште еден клучен играч, најдобриот голман во светот, Мануел Нојер со кој потпиша две годишно продолжување на сегашниот договор и тој ќе остане во клубот до 30 јуни 2021“ , пишува во соопштението на Баерн Минхен, објавено на официјалниот веб сајт на клубот.
 
Во ова баварската екипа го сголеми списокот на играчи со кои ја продолжи соработката со цел да се одржи „костурот„ на тимот кој изминатите неколку години доминира во германската Бундес лига, а игра и значајна улога на европската сцена, односно Лигата на шампионите, во која Баерн и сезонава обезбеди пласман во полуфиналето. 
 
Имено, во текот на оваа сезона Барен ги продолжи договорите и со: Џером Боатенг, Томас Милер, Давид Алаба и Хави Мартинез.