400 килограми замрзнати плескавици и ќебапи, како и уште 70 килограми внатрешни органи откриле инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство при вонреден надзор во нерегистрирана комора на приватен имот во Василево. Од АХВ информираат дека производите не биле соодветно означени.