Над 5000 договорци од јавниот сектор ќе добијат трајно вработување со новиот закон за трансформација на работниот однос кој го поднесе пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Сите вработени кои во моментов се ангажирани и ги исполнуваат условите по донесување на новото законско решение во рок од три месеци треба да добијат нов договор со вработување на неопределено време.
Според предлагачот, ова ќе донесе правна и социјална сигурност за оние лица кои со години работат за државата, но без сигурност што ја носи редовното вработување.