Меѓу првите што му ја честитале изборната победа на носителот на Студентската листа бил и премиерот Христијан Мицкоски. По политичкиот пресврт во Србија и поразот на Александар Вучиќ, Мицкоски очекува промената на власта во Белград да не се одрази врз односите меѓу двете земји, туку да продолжат добрососедската соработка и економскиот развој.
Во меѓувреме, на обвинувањата од македонската опозиција за неговата политичка блискост со поранешниот српски претседател, премиерот порачува дека нема да одговара со навреди, туку со конкретни проекти и резултати.