Вистински хаос со такси превозот во Прилеп.
Во моментов само 26 такси возила се легални, а додека над 150 возила кои превезуваат патници се диви таксисти.
Тука се отвора прашањето како и зошто надлежните служби во општината и другите органи овие изминати години дозволиле вакво безредие по прилепските улици.
Сега за прв пат после цели 18 години Советот донесе одлука за изменување и дополнување на постојната одлука за авто-такси превоз која е донесена во далечната 2008.