Кандидидтската двојка Илијана Јотова и Кирил Валчев победија на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија со 57,58 отсто од гласовите. Андреј Ѓуров и Георги Кандев добија 39,47 проценти. Ова го покажуваат податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) при обработени 99,95 отсто од записниците, што беа објавени на нејзината веб страница во 7:30 часот, по локално време. За Јотова и Валчев гласале 1.093.564 избирачи, а за Ѓуров и Кандев – 749.543. Опцијата „Не поддржувам никого“ ја избрале 2,95 отсто од избирачите или 56.070 луѓе.