MENI

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА

Македонија да го искористи моментот и со промената на власта во Србија по повеќе од една деценија да ги побара досиејата на УДБА. Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов во Тема на денот во Дневникот на Сител кажа дека освен за неуспешниот атентат на поранешниот претседател на државата Киро Глигоров, треба да се побараат и други досиеја релевантни за државата.

Трајанов вели дека е можно Хрватска и Словенија исто така да ги бараат своите досиеја и тоа да биде услов за патот на Србија кон Брисел. 

Pages