
УХМР најавува дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.
Од утре, под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.